Автор: Д-р Сабрина Туглиова
Невралгија претставува најчест вид на болка од нашето тело и претставува болка предизвикана од надразнување на нервите во некои делови од телото. Најчесто означува воспален нерв кој што е предизвикан од притисок на коските или сврзното ткиво.
Се манифестира со следните симптоми: трнење, жарење, пецкање, болка, бодежи, пречувствителност на тој дел од телото што е зафатен. Болка се појавува во инервационото подрачје на нервот. Една од најчестите е тригеминалната невралгија, потоа глософарингеалната, окципиталната итн. Овие болки се појавуваат во глава. Има појава на невралгии и во другите делови од телото, кога се оштетени нерви од разни подрачја (на пример интеркосталната невралгија е последица на зафатеност на интеркостален нерв, кој се наоѓа помеѓу ребрата).
Невралгиите може се константни или повремени (од неколку минути па до неколку недели).
Дијагноза: Се поставува со внимателно слушање на тегобите на пациентот, односно за каков вид на болка, зачестеност, локацијата, претходно земени лекови. Потоа се пристапува кон клинички преглед во консултација со соодветен специјалист, а на крај се упатува и на магнетна резонанца за евентуално да се исклучи постоење на тумор.
Третман: Се започнува со лекови против болка од типот на нестероидни антиинфламаторни лекови и дополнување на витаминска терапија (B1, B6, B12). Kлинички докажани витамини кои што ги негуваат нервите, помагаат да се заштитат и негуваат нервите со помош на правилна исхрана и вежбање. Витаминската терапија од оваа група помагаат во енергизирањето на нервните клетки, помага во регенерација и обновување на нервните влакна.
Витамините од оваа група се користат за: Невритис и невралгија, цервикален синдром, лумбалгија, ишијас, пареза на лицето, алкохолна полиневропатија, дијабетична невропатија, гадење и повраќање во бременоста и сл.