Macedônia

morgan-mcsweeney-2.jpg
Macedônia, Nova Makedonija, Macedônio
2026-02-08 14:53:35
Фото: Принтскрин Шефот на кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер, Морган МекСвини, поднесе оставка. Ова се случува во услови на зголемен притисок врз Стармер поради неговата одлука да го назначи Питер Манделсон за амбасадор во Соединетите Американски Држави. Стармер се соочува со она што многумина го сметаат за негова најголема криза откако дојде на власт пред 18 месеци поради неговата одлука да го испрати Манделсон во Вашингтон во 2024 година, откако документите открија блиска врска на Манделсон со покојниот финансиер и сексуален престапник Џефри Епстин. МекСвини, најблискиот советник на Стармер и сметан за една од клучните фигури во неговиот успех на британските општи избори во јули 2024 година, рече дека бил тесно вклучен во назначувањето на Манделсон. – Одлуката за назначување на Питер Манделсон беше погрешна. Тој ја оштети нашата партија, нашата земја и довербата во самата политика – рече МекСвини во изјава објавена на платформата „Икс“. – Кога ме...
sneg-lavina.jpg
Macedônia, Nova Makedonija, Macedônio
2026-02-08 07:31:46
Фото: Пиксабеј Четири лица загинаа, а неколку се повредени денеска во серија лавини на северот од Италија. Во алпскиот регион Валтелина, лавина погоди тројца скијачи, при што загинаа двајца од нив. Италијанската планинска служба за спасување во Трентино пријави две лавини во кои загина по едно лице. Во овој регион во сила е предупредување од трето ниво Имаше инцидент и во долината Аоста на границата со Швајцарија и Франција, каде што лавина однесе две лица од група од пет скијачи, но благодарение на опремата, тие успеаја да се ослободат од снегот. Сите инциденти се случија во денот што беше оценет како ден со висок ризик од лавини, а во сила беше предупредување од трето ниво од вкупно пет на европската скала за опасност од лавини. Source link
dragan-kovacki.jpg
Macedônia, Nova Makedonija, Macedônio
2026-02-07 23:55:47
Драган Ковачки/Фото: ВМРО-ДПМНЕ Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во врска со новиот состав на Извршниот комитет вели дека го сочинуваат луѓе со различни искуства во извршната и во законодавната власт, како и млади луѓе кои ќе придонесат за реализација на политиките на партијата. – Имаме една промена од 20 до 25% во Извршниот комитет, еден спој на искуство, на луѓе со различни портфолија, луѓе коишто имаат различно искуство во извршната власт и во законодавната власт, меѓутоа имаме и луѓе коишто се помлади, носат една свежина во Извршниот комитет, којшто ќе помогнат на партијата односно на претседателот во реализација на политиките на партијата – рече Ковачки во тема на денот на ТВ Сител. Ковачки посочи и оти дека новиот Извршен комитет во текот на следната седмица ќе ја одржи првата седница на која ќе се распишат огласите за претседатели на општинските комитети, реорганизација во партијата и подготовка за идните парламентарни...
vojnici.jpeg
Macedônia, Nova Makedonija, Macedônio
2026-02-07 16:08:49
Фото/Илустрација: Пикселс Кај двајца припадници на професионалните војници кои се на обука во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес е дијагностицирана кожната болест „scabies“ (шуга), информираат попладнево со соопштение од Канцеларијата за воени односи со јавноста при Генералштабот на Армијата во соработка со Министерството за одбрана. Како превентивна мерка, сите новопримени професионални војници кои се обучуваат во Командата за обука и доктрини се пуштени дома, а освен двајцата кај кои е дијагностицирана шуга, останатите војници во понеделник треба да се вратат во касарната во Велес. Од Армијата информираат дека заедно со Воено – медицинскиот центар се преземени сите потребни мерки за спречување на евентуално ширење на заболувањето, како и дека е спроведен епидемиолошки надзор и се постапува согласно препораките на стручните лица. – Армијата континуирано презема соодветни превентивни и против епидемиски мерки за заштита на здравјето на персоналот во Армијата. Дополнително, ве информираме дека сместувањето на војниците е регулирано согласно...
serijal-22-piksabej.jpg
Macedônia, Nova Makedonija, Macedônio
2026-02-07 07:45:52
Фото: Пиксабеј Серијал за бездомните кучиња, милениците и за сите љубители на животните (6) Серијал текстови за кучињата скитници, милениците и за сите љубители на животните, подготвени од Илија Петковски, кој магистрира екологија и животна средина на „Сорбона“ во Париз, излегуваат на викенд-страниците на рубриката Магазин во „Нова Македонија“. Низ текстовите авторот ќе понуди современи хумани решенија за решавање на проблемот со бездомните кучиња и за состојбата во државата во врска со овој проблем. Целта е издигнување на јавната свест за благосостојбата на животните на научна основа и отворање дебата за оваа тема, со цел да се создаде похуман свет за сите. Текстовите провоцираат научна дебата за бездомните кучиња во Македонија, фокусирана на еколошката нерамнотежа и хиперпопулацијата наместо на емоции и холивудски стереотипи. Фокусот на текстовите понатаму ќе се сведе и на одговорното сопствеништво на милениците. Во претходната колумна ги дефиниравме милениците како посебна популација животни, создадена со вештачка селекција...
screenshot-2026-02-06-222844.jpg
Macedônia, Nova Makedonija, Macedônio
2026-02-07 00:28:25
Фото: Принтскрин Во Италија, Милано и Кортина д’Ампецо во тек е свеченото отворање на 25-тите Зимски олимписки игри, кои ќе траат до 22 февруари. На игрите ќе учествуваат над 2900 спортисти од рекордни 94 националности, што е историски број за олимписки настан. Македонија ќе има четворица претставници: Ана Цветановска и Ставре Јада во нордиски дисциплини, Јана Атанасовска и Виктор Петков во алпски дисциплини. Знаменосци на македонската репрезентација ќе бидат Јана Атанасовска во Кортина и Ставре Јада во Предацо, а во Ливоњо беше Виктор Петков. Source link
screenshot-2026-02-06-202814.jpg
Macedônia, Nova Makedonija, Macedônio
2026-02-06 16:59:42
Фото: Принтскрин Драган Ковачки е новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, а избрани се и членови на Извршниот комитет на партијата, соопшти по завршувањето на седницата на Централниот комитет на партијата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ, рече тој, продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи со цел подобар живот за сите граѓани. -Денеска заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата. Централниот комитет донесе одлука за избор на нов Извршен комитет на партијата, којшто претставува спој помеѓу искуството и дел од луѓето којшто се веќе дел од претходните состави на Извршниот комитет и нови членови коишто заедно со оние коишто во минатото беа дел од Извршниот комитет ќе го формираат новиот Извршен комитет на партијата – истакна Мицкоски. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека одлуките донесени на седницата на ЦК на партијата се јасен показател дека...
tramp1.jpg
Macedônia, Nova Makedonija, Macedônio
2026-02-06 08:58:17
Фото: Принтскрин Западноевропејците сè повеќе ги ценат европската автономија и вредноста на трансатлантските врски и немаат намера да се откажат од нив за да му угодат на Доналд Трамп, покажува анкетата, што укажува дека мислењето за Соединетите Американски Држави паднало на најниско ниво во последната деценија, откако „ЈуГов“ (YouGov) почна да спроведува вакви анкети. Обидот на американскиот претседател да го преземе Гренланд силно ги сврти Европејците против неговата земја, при што големо мнозинство во Данска, Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија изразува негативен став, објавува „Гардијан“. Бројките, кои се движат од 62 проценти во Франција до дури 84 проценти во Данска, која е сопственик на Гренланд, означуваат понатамошен стрмен пораст на негативните перцепции за САД. Анкетата исто така покажа дека сè поголем број Европејци повеќе не ги сметаат САД за пријателска нација, при што сите шест земји известуваат за пад на бројот на испитаници кои сè уште ги гледаат...
1000016079.jpg
Macedônia, Nova Makedonija, Macedônio
2026-02-06 01:38:25
Фото: Нова Македонија Денес, на 5 февруари 2026 година, во Културно-информативниот центар во Скопје свечено беше отворена изложбата „Јадрански минијатури“ на реномираниот автор Тончи Станичиќ – дипломат, правник и страстен љубител на фотографијата. Настанот е организиран под покровителство на Амбасадата на Република Хрватска во Република Македонија и ќе трае до 15 февруари, оставајќи простор љубителите на уметноста да се нурнат во светот на светлината и сенките. Фото: Нова Македонија Фото: Нова Македонија Фото: Нова Македонија Свеченото отворање беше вистински културен празник. Во салата се чувствуваше возвишена атмосфера, исполнета со тивка возбуда и очекување. Присутните – дипломати, уметници, новинари и граѓани – со восхит го пречекаа авторот, кој со своите фотографии успеа да ја пренесе интимната поетика на Јадранот. Фотографиите на Станичиќ не се само кадри, туку визуелни партитури во кои светлината е главен протагонист. Секој мотив – било тоа да е трепетот на морската површина, сенката на каменот или апстрактната...
droga1.jpg
Macedônia, Nova Makedonija, Macedônio
2026-02-05 18:38:25
Фото: МВР Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) презема соодветни мерки и активности на локации во Скопје и Струмица за опојна дрога. Од МВР најавуваат повеќе детали по завршувањето на активностите. Дел од медиумите веќе објавија дека синоќа имало полициска опсада на повеќе објекти во Струмица и Струмичко, како и во Скопје. Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во гостување во вестите на МРТ најави дека деновиве МВР ќе излезе со запленети десетици тони дрога за која е констатирано дека незаконски е пуштена во промет или незаконски складирана. – Очекувам деновиве Министерството за внатрешни работи да излезе со десетици тони, не со неколку тони, туку со десетици тони на ваков тип недозволени средства, односно недозволени материи, дрога, марихуана во случајов која во моментов се наоѓа во складиштата во Македонија или, пак, на некаков начин имало односи...
Translate »