Macedônia

papa-francisk-ib.jpg
Macedônia, Nova Makedonija, Macedônio
2025-02-22 00:09:14
Фото: Архива Папата Франциск се уште е во опасност, но во моментов не е во животна опасност, изјави денеска доктор Серџо Алфиери од римската болница Гемели, каде што папата се лекува од инфекција на респираторниот тракт и пневмонија. – Папата е добро расположен и понекогаш се шегува – рече тој, додавајќи дека папата ќе остане во болница и следната недела. Папата, според лекарите, е свесен дека неговата здравствена состојба е сериозна Source link
kupuvac-market-banskoliev-e1671094306262.jpg
Macedônia, Nova Makedonija, Macedônio
2025-02-21 14:14:06
Илустрација / Фото: Нова Македонија Ако постои „картелско“ здружување на маркетите, цените и во „КАМ“ и во „Веро“ ќе беа тука некаде, но и сами знаеме дека не е така. Секој има можност и опција да пазари каде сака – рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Таа информира дека во вторникот Владата водела долга диксуија околу мерките за цените на производите, при што било констатирано дека треба да се донесат долгорочни решенија. „Замрзнувањето“, повтори, е нешто ад-хок што дава само краткорочен ефект. Одговорајќи на новинарски прашања по средбата во Сојузот на стопански комори (ССК), министерката подвлече дека одлуките за цените ги донесува исклучиво врз основа на податоците што ги објавува Државниот завод за статистика. Притоа ги повика новинарите со неа да појдат каде што пазари и да видат колку чини табла јајца. Не може, им рече, да ги земаат предвид цените само од еден маркет и да кажуваат дека...
kasa-market-2023-janevska-ilieva-07.jpg
Macedônia, Nova Makedonija, Macedônio
2025-02-21 02:57:14
Фото: Маја Јаневска-Илиева Комисијата за заштита на конкуренцијата во рамките на своите надлежности пропишани во Законот за заштита на конкуренцијата и Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи изврши ненајавен увид во четири трговски ланци и во една од стопанските комори во која се здружени истите. – Увидот е извршен поради постоење на сомневање дека неколку ланци на маркети кои вршат трговија на мало со прехранбени и непрехранбени производи го прекршиле член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата, кој забранува картели односно забранува договори и усогласено однесување на две или повеќе претпријатија, а се со цел нарушување на конкуренцијата. При контролата во службените простории на правните лица, извршен е увид во службената документација и направен е и увид во средствата за електронска комуникација при што се пронајдени докази дека истите донеле незаконита одлука која и јавно ја објавиле преку средствата...
stem-pokana-1.jpg
Macedônia, Nova Makedonija, Macedônio
2025-02-20 14:42:54
СТЕМ Академија која е единствената глобално акредитирана организација за СТЕМ образование во земјава, организира донаторски настан за поддршка на националните роботски тимови, составени од млади до 18 години, за учество на Глобалната светска роботска олимпијада – MRC Global Olympiad.Настанот за прибирање на донации ќе се одржи на 24 февруари 2025 година (понеделник) во Beer Garden, Скопје со почеток во 19 часот. Домаќин и водител ќе биде Сашко Коцев, а бендот Unlimited ќе ја донесе музичката магија. Настанот е од отворен карактер и поканети се да присуствуваат сите граѓани кои сакаат да дадат поддршка на младите таленти на СТЕМ.Присутните ќе имаат ексклузивна можност да ги запознаат младите таленти и да ги видат роботските креации што децата ги изработија во изминатиот период и со кои ќе учествуваат на олимпијадата за роботика што ќе се одржи во април година на Крит, Грција.Тимовите на СТЕМ Академија и минатата година учествуваа на Глобалната олимпијада каде...
donald-trump-instagram.jpg
Macedônia, Nova Makedonija, Macedônio
2025-02-20 04:46:08
Фото: Доналд Трамп/инстаграм Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „диктатор без избори“, откако тој оцени дека Трамп бил под влијание на руски дезинформации во неговите напори да стави крај на руско-украинската војна, но под услови за кои Киев вели дека се премногу поволни за Москва. – Да размислиме; умерено успешниот комичар Володимир Зеленски ги убеди САД да инвестираат 350 милијарди долари во војна што не може да се добие и која никогаш не требаше да почне, војна што тој никогаш не може да ја смири без САД и ТРАМП – напиша американскиот претседател, кој своето име го напиша со сите големи букви. Трамп во објава на својата социјална мрежа Трут Соушл напиша дека Зеленски е „диктатор без избори“. Откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година, земјата ги одложува своите избори кои требаше да се одржат во април 2024 година. Зеленски денеска го обвини...
mickoski.jpg
Macedônia, Nova Makedonija, Macedônio
2025-02-19 21:27:04
Фото: Фејсбук профил/Кристијан Мицкоски Премиерот Христијан Мицкоски во рамките на неговата посета на Вашингтон, денеска остварил средба со заменик помошник секретар за Западен Балкан Александар Касаноф, на која станало збор за европските интеграции и препреките со кои се соочува земјава на тој план. -Остварив средба со Александар Касаноф кој е заменик помошник секретар за Западен Балкан, како и за печат и јавна дипломатија во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот. Разговаравме за состојбата во државата, европските интеграции и препреките со кои се соочува земјава на тој план. Имаме идеја, имаме план, Македонија има пријатели! – објави на својата Фејсбук страница премиерот Мицкоски. Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска рече дека и е мило што премиерот и членовите на неговиот Кабинет се повторно во Вашингтон. -Мило ми е што премиерот и членовите на неговиот Кабинет се во Вашингтон. Фактот што тој е неколку пати таму откако ја презема неговата...
01-ageler-foto-vlada-na-rm.jpg
Macedônia, Nova Makedonija, Macedônio
2025-02-19 12:04:46
Фото: Влада Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска изјави дека САД внимателно ги следат случувањата во правосудниот систем, конкретно владниниот предлог за разрешување на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, но и поднесените интерпелации од страна на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ до Собранието за петминаат членови на Судскиот совет, кој се избрани од закондавниот дом и нагласи дека она што сакаат да го видат е дека во сите процеси се почитува законот. Агелер денеска одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар за владиниот предлог за разрешување на Коцевски кусо одговори дека нема коментар, но дека го следат процесот одблиску. – Немам коментар, запознаена сум и го следиме процесот, според моите сознанија во тек е процесот согласно законските процедури и одблиску го следиме – одговори кусо Агелер, по примопредавање на мобилно оперативно возило за Црвен крст. Во врска со случувањата во Судскиот совет исто така не навлегуваше во детали и...
kina1.jpg
Macedônia, Nova Makedonija, Macedônio
2025-02-18 21:09:29
Фото: Пиксабеј Кина ги поздравува напорите за решавање на кризата во Украина, вклучително и разговорите меѓу САД и Русија, и се надева дека сите засегнати страни ќе имаат можност да учествуваат во мировните преговори кои претстојат, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гуо Џиакун. Кина отсекогаш верувала дека дијалогот и преговорите се единствениот сигурен начин за решавање на кризата и е посветена на промовирање мировни преговори, рече Гуо на прес-конференција. Тој ги даде своите коментари како одговор на прашање поврзано со средбата меѓу руските и американските претставници во Ријад, Саудиска Арабија, која се одржа без учество на Украина. Source link
gashi-fb.jpg
Macedônia, Nova Makedonija, Macedônio
2025-02-18 06:20:44
Фото: Африм Гаши Фејсбук За најавите за промена на државниот грб, претседателот на Собранието Африм Гаши вечерва изјави дека не гледа дека има некоја инцијатива и кога би дошла, би ја разгледале во таа насока, како што е по Деловник, по Закон и по Устав. – Ако се бара да се менува Уставот, се знае процедурата – рече Гаши. Смета дека за симболите да разговараат лидерите. Во однос на укинувањето на баласерот, Гаши посочи дека имале идеја да предложат или да донесат закон за таа работа зошто, како што рече, беше евидентно дека балансерот или тој механизам не ги даде своите резултати и беше злоупотребуван во последните години. – Правилна е одлуката на Уставниот суд што така одлучи – подвлече Гаши. Најави дека сакаат вакво решение да биде законски спроведно и најави дека со законот кој се подготвува и наскоро ќе биде пуштен во сбраниска процедура и во март, април...
ladno-utro.jpg
Macedônia, Nova Makedonija, Macedônio
2025-02-17 16:36:51
Фото: пиксабеј Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а кон кон крајот на денот и во текот на ноќта засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени. Во Скопје променливо облачно со повремен слаб снег. Ќе дува умерен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 5 степени. Од среда облачноста ќе се намали и ќе преовладува стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Во среда ќе дува засилен северен ветер. Source link
plugins premium WordPress
Translate »