Селекцијата на Данска одигра уште една блескава партија, овој пат против Португалија, за пласман во финале на Светското првенство. Данците вечерва не им дадоа ниту малку шанси за надеж на португлските ракометари, особено со цврстата и борбена игра во вториот дел од натпреварот и заслужено забележаа убедлив триумф со 40-27.
Португалија имаше сила да парира само во одредени моменти во првиот дел, а во второто полувреме целосно беа откажани од голманот Емил Нилсен, кој правеше чуда на данскиот гол.
Матијас Гидсел со девет гола беше најефикасен на теренот, додека Шмит постигна осум. Ареија кај Португлија беше најефикасен со пет голови.
Во мечот за златен медал в недела ќе се сретнат Хрватска – Данска, додека пак за бронзата ќе играат Португалија и Франција.