Macedônia

Macedônia, Nova Makedonija, Macedônio
2024-10-13 20:15:29
Фото: ЕПА Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека нема потреба од посредништво во разговорите меѓу Скопје и Софија, за продоложувањето на преговорите на земјава, јави БТА. На прашањето да даде коментар на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека е подготвен да води преговори со бугарскиот претседател, Радев рече дека отсекогаш бил отворен за дијалог, но, според него, треба да се прави разлика меѓу дијалог и преговори. – Преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија завршија во јули 2022 година, кога двете земји го потпишаа билатералниот протокол за договорот за добрососедство. Ако зборуваме за дијалог, тој треба да се води меѓу Северна Македонија и Европската комисија и тоа врз основа на прифатената Преговорачка рамка за Северна Македонија, која со консензус, едногласно е усвоена од сите земји членки на ЕУ и е прифатена од Владата на Северна Македонија – рече Радев во изјава за бугарски медиуми. Според него, работите се и повеќе од...
Macedônia, Nova Makedonija, Macedônio
2024-10-13 11:10:24
Фото: ЕПА Повеќе под сто земји-членки на Обединети нации испратија писмо со поддршка за генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш откако Израел, на почеток на месецот, го прогласи за „персона нон грата“. – Изразуваме длабока загриженост поради неодамнешната изјава на шефот на израелската дипломатија Израел Кац, кој го прогласи Гутереш за непожелна личност. Таквите акции ја поткопуваат способноста на ОН да го спроведе својот мандат, што вклучува посредување при конфликти и пружање хуманитарна поддршка – се наведува во писмото. САД, Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд и Канада не го потпиша писмото за поддршка на Гутереш. Кац на платформата Икс објави дека одлуката за забрана на влез во земјата за португалскиот дипломат е поттикната од неговото одбивање да го осуди неодамнешниот ирански ракетен напад врз Израел заедно со „неговото антисемитско и антиизраелско однесување“. Тој тврди дека речиси 90 проценти од Израелците се согласуваат со неговата одлука и оти „Гутереш може да...
Macedônia, Nova Makedonija, Macedônio
2024-10-13 01:47:02
Фото: Маја Јаневска-Илиева Велешанецот Боре Видевски, кој е еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски е вратен во Истражниот затвор Скопје, откако поради влошена здравствена состојба кон крајот на минатиот месец беше пренесен на болничко лекување. Директорот на Истражниот затвор „Скопје“ – Шутка Бобан Утковски, во изјава за медиумите, појасни дека Видевски ќе прима терапија со оглед на тоа дека има проблем со бубрезите, но е во добра здравствена кондиција за да присуствува на рочиштата. Поради хоспитализацијата на Видевски, Основниот кривичен суд Скопје ги отповика рочиштата за судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски кои беа закажани за минатата недела, информирајќи дека Судењето продолжува на следниот закажан термин на 14 октомври. Судењето за убиството на Панче и Вања почна на 20 септември, кога на обвинителна клупа во Основниот кривичен суд во Скопје седнаа, првообвинетиот Љупчо Палевски, како и...
Macedônia, Nova Makedonija, Macedônio
2024-10-12 15:26:50
Фото: Архива Обиди за дестабилизација имало и ќе има, бидејќи Демократската унија за интеграција не може да излезе со некој предлог за реформа во правосудството или економијата, лутајќи на патот од зелената трансформација до повторно милитантите, туку единственото нешто кое што мислат дека можат е да мобилизираат и злоупотребат луѓе на национални теми, посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање поврзано со тоа дали постои реален страв кај граѓаните за евентуална дестабилизација од страна на ДУИ по укинувањето на „балансерот“. Нагласи дека на владина седница минатата година, членови на ДУИ ја усвоиле стратегијата за реформа во јавната администрација, која, според Мицкоски, јасно вели дека ќе има бришење на „балансерот“. – ДУИ во опозиција го демантира ДУИ на власт. Мислам дека на 23 јули 2023 година, на владина седница членови на ДУИ, кои што додека играат фудбалчиња претпоставувам читуцкаат какви реформи носат, една од тие реформи е реформата...
Macedônia, Nova Makedonija, Macedônio
2024-10-12 04:16:17
Фото: Пиксабеј Рефомрските агенди на Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Косово се одобрени во рамки на новиот Инструмент за реформи и раст во износ 6 милијарди евра, познат како План за раст на Западен Балкан – објави на мрежата „Х’“ унгарското претседателство со ЕУ. -Ова го трасира патот пре-финансирањето да започне за време на унгарското претседателство со Унијата. Поддршката на интеграцијата на Западен Балкан, останува клучен приоритет на унгарското претседателство – се наведува во соопштението. Согласно Планот за раст на Западен Балкан вреден 6 милијарди евра, земјава треба да добие 750 милиони евра поделени на неколку транши, а првата транша од 7 проценти, односно 52,5 милиони евра, државава ќе ја добие најдоцна до крајот на годината. Според формулата од Регулативата за инструментот за реформи и раст, усвоена од страна на Европскиот парламент и Советот на ЕУ, Македонија треба да добие 750,4 милиони евра за периодот 2024-2027 година. Овие средства...
plugins premium WordPress
Translate »